Стапката на невработеност се спушти на 28,8 отсто

Bez autora
Sep 17 2013

Стапката на невработеност во Република Македонија продолжува да се намалува под 30 отсто, достигнувајќи на крајот на вториот квартал на 28,8 отсто. Вкупниот број на невработени во Македонија заклучно со јуни изнесувал 273 860 лица, што е за 17.360 помалку во однос на истиот период лани, кога стапката на невработеност изнесувала 31,2 отсто. Истовремено, бројот на вработените во Македонија зголемен е за 30.267, со што вкупниот број на вработени во државата на крајот на јуни достигнал 678 467. Со ова стапката на вработеност надминала 40 отсто и достигнала 40,7 отсто, наспроти 38,8 отсто колку што изнесувала во вториот квартал до 2012 година.

Стапката на невработеност се спушти на 28,8 отстоСтапката на невработеност во Република Македонија продолжува да се намалува под 30 отсто, достигнувајќи на крајот на вториот квартал на 28,8 отсто, соопшти во вторникот Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на невработени во Македонија заклучно со јуни изнесувал 273 860 лица, што е за 17.360 помалку во однос на истиот период лани, кога стапката на невработеност изнесувала 31,2 отсто.

Истовремено, бројот на вработените во Македонија зголемен е за 30.267, со што вкупниот број на вработени во државата на крајот на јуни достигнал 678 467.

Со ова стапката на вработеност надминала 40 отсто и достигнала 40,7 отсто, наспроти 38,8 отсто колку што изнесувала во вториот квартал до 2012 година.

Во второто тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 952 327 лица, а стапката на активност изнесува 57,1 отсто

Од вкупниот број на вработени во Македонија 59,6 отсто се мажи, а 40,4 отсто се жени. Слична е состојбата и кај невработените, 61,5 отсто се мажи, а 38,5 отсто жени, додека неактивното население го составуваат 63 отсто жени и 37 отсто мажи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik